Шеесет и седумгодишната жителка од кумановско село пријавила дека му платила пари на лице кое ѝ ветило дека ќе издејствува да се укине пресудата за нејзиниот син кој се лекувал на психијатрија.
– Според пријавеното, во текот на февруари 2021 година лицето и се јавило и ѝ понудило да и помогне, односно дека може да издејствува да се укине пресудата за нејзиниот син, кој бил на задолжително лекување во психијатриска болница во Скопје. Откако се договориле, таа од февруари до април во неколку наврати ги предала парите на лицето, по што веќе не можела да стапи во контакт со него и се посомневала дека била измамена, се наведува во соопштението на полицијата.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.