Наместо 5 евра за килограм колку што нудеа откупувачите, тутунот мора да се откупува по десет. Производството е намалено, трошоците брзо се искачија, квалитетот на производот е одличен, но профитабилноста сепак мора да се постигне. Во Прилеп, на конференцијата за тутунопроизводство организирана од Националната земјоделска мрежа, ова беше утврдено за државата, откупувачите и тутунопроизводителите. Во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, имаше трибина на повеќе национални тутунски групи.
Целта на оваа трибина беше да се собереме, да ја разгледаме актуелната ситуација со откупот на тутунот и да утврдиме заеднички став што понатаму. како национална земјоделска мрежа имаме став дека годинава тутунот мора да се плати барем 10 евра за килограм зашто имаме рапидно зголемени трошоци, намалено производство, а квалитетот е зголемен двојно и тројно, така што не може да се согласиме да го поредадеме тутунот по 5 евра за килограм. Тоа економски не е издржливо. Баравме да се сретнеме со нашите колеги тутуноипроизводители за да изградиме заеднички став. Мислам дека се усогласивме околу тоа и како заклучок од оваа трибина е дека бараната цена е оправдана и дека сите стоиме цврсто на барањето за таа цена од 10 евра за килограм тутун. За да се реализира тоа, ние ќе бараме од ресорот на Министерстото за земјоделство едно медијаторство за да се сретнеме со откупните фирми за да го пренесеме нашиот став дека ние не работиме тутун за пет евра или за 300 денари и дека нашата цена економска е 10 евра и дека нема да отстапиме од тоа до крај, изјави Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната емјоделска мрежа.
Користејќи го својот монополски статус, кој им го доделува Законот за тутун, откупните корпорации ги ставаат тутунарите во подредена положба додека ги ставаат во фаворизирана.
-Ние како тутунари сме ставенио во незавидна ситуациоја. Ние нашиот став ќе го браниме до крај. Значи, тутун за 5 евра веќе не може да се произведува. Ако сакаат тутун да се произведува во македонија, нашата цена е 10 евра за килограм. Доколку не се прифати, ние не може да повикуваме на бојкот, но ќе им укажеме на производителите да се воздржат од предавањето на тутунот, барем во законската рамка, до крајниот рок до 15 декември. Всушност сето зависи како ќе течат разговорите. Мора да се најде заедничко прифатливо решение со откупните фирми, па да обезбедиме егзистенција и за наредната година, а и континуитет на производството, смета Каракашев.
Занемарувањето на тутунарите кои се противат на тие цени не е во најдобар интерес на откупните фирми.
Доколку нема слух кај откупувачите да ја зголемат откупната цена на тутунот предлог е владата да го задолжи прилепскиот тутунски комбинат да изврши интервентен откуп за да ги принудиме приватните откупувачи да ги подигнат цените, рече Васко Јосифовски од тутунско здружение „Тутунска надеж“ од Прилеп.