Пејачот Ламбе Алабаковски кој ја шокираше јавноста со својот патриотски чин откако се врати од Америка, во интервју за Репортер, раскажа за мотивите за делото, апсењето и деновите поминати во затвор.

– Спонтано и трезвено го направив тоа, но ете, иако сум мирен и не сум насилен човек, и кај мене излегоа тие родољубиви чувства оти сметам дека на тој клуб местото не му беше таму. Никој не знаеше за ова, ни сопругата, па дури и кога ги прегледуваа камерите, не им се веруваше дека сум јас, искрено раскажа Ламбе.

За деновите минати во затвор, приказната ја сврте малку и на шега, иако вели:

-Во самица најмногу размислуваш што си направил и колку ти недостига семејството.

Ламбе вели и дека кога влегор во затворот тамошните притвореници, неговите цимери, мислеле дека станува збор за скриена камера.

Инаку пејачот беше во притворското Одделение на Казнено-поправната установа Затвор – Битола, по што беше пуштен во домашен притвор.