Како дел од подготовката за двомечот со Фарски Острови во мај, македонската ракометна репрезентација двапати ќе се соочи со Романија во Браила. Првиот дуел е попладнево од 17:00 часот, а Македонија ќе се претстави со никогаш помлад ростер на ракометари.
Лазаров не може да смета на Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ, Никола Митревски и Томислав Јагуриновски. Сепак, амбициите не недостигаат.
Кружниот напаѓач Милан Лазаревски пред денешниот натпревар рече:
„Напорно работиме и неделава креираме еден нов тим. Работата која тука е забележлива се надевам дека ќе донесе резултати и на натпреварите. Не сум добар прогнозер, но како спортист секогаш сакаш да победи и се стремиш на позитивен исход“.
Дуелот меѓу романската и македоската репрезентација се игра попладнево во Браила, а сите билети се распродадени.