Идејата за Б-репрезентација е дискутирана подолго време, но ова се први поконкретни чекори за оние играчи кои не добиваат шанса во националниот тим да имаат можност да ги покажат квалитетите и да се наметнат кај стручниот штаб.

Лазаров со години наназад повторува дека е неопходно да се најдат играчи кои ќе земат барем дел од товарот што со години го носат оние кои се база во националниот тим, На помалку од седум месеци до почетокот на ЕП 2022 и настапот во Дебрецин, ова е одлична шанса за овие ракометари да се докажат и да се наметнат за европска виза. На спротивната страна, и српскиот селектор Тони Херона најави дека овој двомеч ќе го искористи за да ги види на дело дел од помладите ракометари, па ќе биде интересно да се види која од овие две селекции има подобра ракометна иднина пред себе.