Полициски службеници од Полициското одделение Теарце вчера попладне привеле 56-годишен тетовец кој управувал патничко моторно возило „мерцедес“ со преправени регистарски таблички и вградени светлосни сигнали – флешери.
Како што информираше Министерството за внатрешни работи, на 25 септември 2025 година во 16:40 часот бил лишен од слобода Р.Љ. од Тетово поради сторени сообраќајни прекршоци по член 139 точка 11 и член 36 точка 5 од Законот за возила, како и по член 225 точка 9 од Законот за безбедност на патниот сообраќај.
Од него биле одземени преправените регистарски таблички обоени со црвена боја и светлосните уреди поставени на возилото.
Од МВР посочија дека по документирање на случајот против лицето ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.