Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани утринава е добиена дојава за поставена бомба, по што учениците веднаш биле евакуирани.

Дојавата е лажна, а во објектот на  училиштето во моментов се наоѓаат службени лица на МВР. Информацијата ја потврди директорот на училиштето Драган Трајчев.

По завршувањето на контролата, наставата во училиштето продолжи нормално.