Претседателот на САД Џо Бајден номинираше нова амбасадорка за Македонија. – прв од македонските професионални медиуми објавува Лидер.
Како што соопштија од Белата Куќа вечерва, станува збор за дипломатката од кариера Анџела Прајс Агелер.
-Анџела Прајс Агелер е кандидат за вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Северна Македонија. – соопштуваат од Белата Куќа.
Инаку Прајс Агелер, е дипломат од кариера која претходно служеше како заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Исламабад, Пакистан. Претходно, таа беше привремен вршител на должност амбасадор во Пакистан.
Во биографијата на Агелер стои дека порано служела како министерски советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, Франција; Вршител на должноста главен заменик помошник државен секретар за Бирото за прашања од Јужна и Централна Азија и Канцеларијата на специјалниот претставник за Авганистан и Пакистан во Вашингтон, Д.Ц.; и, заменик помошник државен секретар за печат и јавна дипломатија во Бирото за печат и јавна дипломатија.
Претходно, таа работела како советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Исламабад, Пакистан. Претходните задачи вклучуваат службеник за односи со јавноста во Американската амбасада во Скопје, Македонија; Аташе за култура и печат на Амбасадата на САД во Ханој, Виетнам; Портпарол на Бирото за конзуларни прашања при Стејт департментот; и задачи во Амбасадата на САД во Париз, Франција и Амбасадата на САД во Њу Делхи, Индија. Пред да се приклучи на Службата за надворешни работи, Агелер работела за Стејт департментот во амбасадите на САД во Уагадугу, Буркина Фасо и Будимпешта, Унгарија, како и во Генералниот конзулат во Мадрас, Индија.
Претходно во нејзината кариера, таа работела во Националната галерија на уметност во Вашингтон и како волонтер на Мировниот корпус во Централноафриканската Република.
Агелер е добитник на бројни награди на Стејт департментот, вклучувајќи ја и наградата за помошник секретар за извонредност и наградата Милдред Синклер за јазик.
Идната амбадорка на САД во земјава Дипломирана е на Универзитетот во Јута, зборува француски, македонски и малку хинди.
Таа доаѓа на местото на Кејт Мери Брнс.