Лидерите на БРИКС постигнаа договор за проширување на организацијата, соопшти денеска јужноафриканскиот министер за надворешни работи Наледи Пандор.

Договорот за проширување го отвора патот за десетици заинтересирани земји кандидати да ги претстават своите причини за приклучување кон групацијата, пренесуваат британските медиуми.

Проширувањето на БРИКС беше главна тема на самитот што се одржува во Јоханесбург.

Додека сите членки на БРИКС јавно ја изразија својата поддршка за проширувањето на блокот, до израз дојде поделбата меѓу лидерите за брзината на проширување и бројот на можни нови членки.

Членки на БРИКС се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.