Американскиот советник за национална безбедност Џек Саливан изјави дека лидерите на Шведска и Финска посочиле дека планираат директно да разговараат со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и дека Вашингтон е подготвен да го поддржи тој процес.
– Ние веруваме дека загриженоста на Турција за пристапувањето на Шведска и Финска, изразена од претседателот Ердоган и другите, може да се реши, рече Саливан.
Запрашан дали има планови американскиот претседател Џозеф Бајден да стапи во директен контакт со Ердоган за ова прашање, Саливан рече: „Во моментов – не“.