Лидл е прв трговски синџир кој ги повлекува од понудата тутунските производи, со цел да се „создадат генерации непушачи“.

– Се надеваме дека нивниот пример ќе го следат и другите супермаркети, изјави холандскиот министер за здравство Пол Блокхус.

Од 2024 година тутунските производи ќе се продаваат само на бензиските пумпи, специјализирани продавници, трафики и трговски обвјекти кои поседуваат посебна дозвола.

Додека од 2023 година исто така ќе биде забранета продажбата на цигари и тутун преку интернет.