Полицијата приведе 17-годишен малолетник за инцидентот во Куманово кога беше откорната табла од канцеларијата на козулатот на Србија. Од МВР велат дека постапувале по пријавата добиена вчера, а против момчето ќе биде поднесена кривична пријава.

„Веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело. Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 319 од КЗ до ОЈО Куманово“, се наведува во соопштението од МВР.

На видеото кое го објави МВР се гледа момче нагрнато со албанското знаме кое насилно ја вади таблата од српскиот конзулат во Куманово.