Лишени од слобода две лица под сомнение за сексуално насилство врз малолетнички во Тетово. Ова го информира Секторот за внатрешни работи Тетово.  На 1 јули 2025 година, по пријава од 37-годишна жена од Тетово, биле лишени од слобода две лица.

Едно полнолетно и едно малолетно, под сомнение за повеќекратно сексуално насилство врз две малолетнички.

Според наведеното во службениот извештај на МВР, лицата А.Е. (18) и малолетникот, и двајцата од Тетово, биле приведени на две одделни локации – во село Горно Седларце и во градот Тетово. Постои сомневање дека во повеќе наврати извршиле обљуба врз двете жртви, а дополнително снимале дел од содржината со мобилен уред, при што една од девојките била принудувана на сексуални дејствија со трети лица.

Во координација со јавен обвинител, случајот е предмет на понатамошна истрага и по негово целосно документирање, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Согласно законската рамка, се преземаат сите мерки за заштита на идентитетот и достоинството на жртвите.

Извор: Независен.мк