Трас ќе остане и на позицијата министер за надворешни работи, јави Би-Би-Си.
Фрост претходно ја најави својата неотповиклива оставка како министер за Брегзит, наведувајќи ја загриженоста за насоките на владата на премиерот Борис Џонсон.
Според британски медиуми, Фрост поднел оставка пред една недела, но тие го убедиле да остане на таа позиција до јануари. Фрост синоќа објави дека поднесува неотповиклива оставка, наведувајќи ја како причина „загриженоста за насоката во која се движи Владата на премиерот Борис Џонсон”.
-Разочарувачки е што овој план стана јавен вечерва, и во дадените околности, мислам дека е правилно да напишам дека веднаш се повлекувам, порача Фрост во писмото до Џонсон што го објави Кабинетот на премиерот.Фрост, кој е поддржувач на Брегзит, ги предводеше обидите на Лондон повторно да ги отвори преговорите за условите за излегување на Велика Британија од Европската унија.