По следењето на порталот Iportal, кој е под контрола на фамилијата на Николовски излезе текст со навреди и омаловажувања кон уредникот Љупчо Златев.
Златев одговори на Фејсбук со зборовите: Поздрав до Љупче кој веројатно самиот го пишувал овој текст. Во вторник сите ќе видат како шверцаш тутун!
– Денеска заедно со мојот снимател бевме во Крива Паланка да снимаме истражување за шверцот на тутун кој го предводи вицепремиерот Љупчо Николовски.
Ги пронајдовме сите фирми кои се поврзани со шверцот, ја пронајдовме целата траса на движење и сите детали. Го пронајдовме и главниот шверцер, но тој ни побегна (ќе ја гледате снимката во вторник).
Во текот на целиот ден додека работевме, не следеа лица со автомобили. Како во Орвеловата 1984 година не следеа во државата во која работиме и плаќаме данок.
Дека не следеле, потврдува и оваа статија на овој портал кој го водат лица блиски до Николовски.
Не следеле лудаците на власта и како сме ручале. Какви манијакални фашисти се ова?
Очигледно е дека сакаат да создадат полиција на мислите. Но, сепак тоа не можат да го направат еклатантни сељачишта како нив. Треба малку капацитет.
Поздрав до Љупче кој веројатно самиот го пишувал овој текст. Во вторник сите ќе видат како шверцаш тутун!
Линк до целиот текст на Iportal.
P.S. Според сметката која екипата ја достави до сметководството на Радио Лидер, гоштевањето на Златев чинело неверојатни 1050 денари.
Денеска заедно со мојот снимател бевме во Крива Паланка да снимаме истражување за шверцот на тутун кој го предводи…
Posted by Ljupcho Zlatev on Saturday, March 27, 2021