Под влијание на циклонска активност до крајот на седмицава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог над 25 литри на метар квадратен за 24 часа.

Како што информираат од УХМР, до петок локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер над 60 километри на час и изолирана појава на град.

И во Скопската Котлина повремено ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината до петок ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Од УХМР со препорака во случај на појава на електрични празнења граѓаните да бидат со поголема внимателност, да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.