Британските власти ќе започнат кампања со која ќе ги советуваат албанските граѓани да не мигрираат во Велика Британија.
Министерството за внатрешни работи на ОК ќе започне кампања со која ќе ги советува албанските граѓани да не мигрираат во ОК.
За овие цели е направен оглас на албански јазик кој ќе им се појави на албанските корисници на социјалната мрежа Фејсбук и Инстаграм.
Во него Албанците се предупредуваат дека, во случај на обид за миграција, ќе се соочат со притвор или депортација, јавува Танјуг, повикувајќи се на Би-Би-Си.
Албанија е „безбедна и просперитетна земја“
Владата во Лондон најави дека кампањата ќе започне наскоро и дека многу јасно ќе укаже што ги чека мигрантите кои ќе пристигнат со бродови.
Албанците најмногу аплицираат за азил во Велика Британија и до март годинава 13.714 државјани на Албанија побарале да останат на островот.
Според оценката на британската полиција, Албанија е „безбедна и просперитетна земја“.
Многу луѓе патуваат илјадници километри за да стигнат до Обединетото Кралство, а кога ќе пристигнат некои од нив поднесуваат барање за азил на лажни основи.