Мадуро во јануари објави видео на Фејсбук, во кое тврдеше дека го опиша оралниот раствор со екстракт од мајчина душица „Карвативир” е „чудотворен” лек што го неутрализира коронавирусот без несакани ефекти. Таквите тврдења не се научно докажани.
Според Фејсбук Мадуро со видеото ја нарушува политиката против лажните тврдења дека „нешто може да гарантира заштита од инфекција со Ковид-19 или да гарантира оздравување”.
Страницата на Мадуро е блокирана на 30 дена, а останува неговиот профил на Инстаграм.
Во февруари, Мадуро изјави дека Фејсбук ги „цензурира” видеата во кои тој го рекламира „Карвативир”.
Мадуро често ги користи социјалните медиуми, вклучувајќи ги Фејсбук и Твитер, а понекогаш ги пренесува и своите говори во живо на интернет.
Во Венецуела досега со Ковид-19 се инфицирале 154.905 луѓе, а починале 1.543 лица, но според опозицијата нивниот број е многу повисок поради ограниченото тестирање.