Лидерот на партијата „Тиса“ и нов мандатар, Петер Маѓар, упати директно барање до претседателот Тамаш Шуљок веднаш да се повлече од функцијата по формирањето на новата влада. Пред денешната средба во претседателската резиденција, Маѓар беше дециден дека актуелниот шеф на државата не го претставува националното единство.
„Претседателот Шуљок не е достоен да биде чувар на владеењето на правото и не може да служи како морален компас за народот“, изјави Маѓар, нагласувајќи дека доколку нема доброволно повлекување, ќе следуваат уставни измени.
