Шестмесечното бебе е пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје
Рано утрово, околу 06:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле 23-годишна жена од Кавадарци под сомнение дека физички го нападнала своето шестмесечно бебе.
Според првичните информации, инцидентот се случил околу 00:37 часот во семејниот дом. Повреденото бебе било итно пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што против мајката ќе биде поднесена соодветна пријава.
