Опишувајќи ја како „мајка, сопруга и експерт“, па потоа и како „храбра, достоинствена и принципиелна“ Јанкулоска даде поддршка за прва жена-претседател.
Поддршка за мојата професорка , затоа што докажа дека жената истовремено може да биде добра мајка, посветена сопруга и експерт во својата професија – сочуствителна но истовремено храбра, достоинствена и принципиелна! Овој народ, оваа Македонија мора да собере сила да биде подобра држава, вели таа.
Во својата објава Јанкулоска додава дека никогаш не било полошо, но дека ние Македонците мора да се бориме.
Никогаш не било полошо, но мора да се бориме! Јас и сите како мене што без оглед на цената што ја плаќаме никогаш не побаравме друга опција освен МАКЕДОНИЈА, ќе продолжиме да се бориме за нормален живот на нашите деца овде – во Македонија, заклучува Силјановска Давкова.