Еве добри вести за Македонците без српско државјанство и без престојувалиште во Србија, коишто се пријавиле за вакцинација таму. После два месеци од пријавата на 27.01, добиена е покана за вакцинација на Београдски сајам на 27.03 со вакцината Оксфорд/АстраЗенека.
Тие што се пријавиле не згрешиле, само што ќе треба да патуваат два пати до Белград. Да не заборавиме, самото патување со автобус претставува голем ризик од зараза. Затоа, ако не патувате со кола, подобро почекајте го доаѓањето на вакцините во Македонија, напиша на Фејсбук, Дејан Трајковски.
Претходно, во Србија се вакцинираа 105 медиумски работници од Македонија, а во недела, преку Стопанска комора на Србија ќе се вакцинираат и дел од македонските бизнисмени како и вработени во нивните компании.