Официјално на нашата земја и е доделена организација на Европско првенство во пинг понг во категоријата на сениори до 21 година.

Презентацијата и изборот се одржаа на тековното Европско првенство во пинг понг во категорија до 21 година во Сараево, Босна и Херцеговина, каде што учесници се и Ангелина Иванова како заменик Врховен судија и Виолета Апостолоска како Судија на маса.

За првпат во историјата на Македонија, добиваме организација на врвен настан кој ќе го собере кремот на европскиот пинг понг во Скопје во месец јануари 2024 година.

Неколкуте врвно организирани светски настани во пинг понг беа забележани и ЕТТУ ја потврди довербата во ППФМ за организација на уште еден голем настан на европско тло во Скопје.