Кајзер ја нагласи поддршката за Македонија и регионот
Поранешниот словенечки амбасадор Тоне Кајзер порача дека Словенија и натаму силно го поддржува процесот на проширување на Европската Унија и интеграцијата на земјите од Западен Балкан, нагласувајќи дека регионот останува високо на агендата на словенечката надворешна политика.
Во објава на социјалните мрежи, Кајзер истакна дека Словенија ќе продолжи да работи на зајакнување на односите со земјите кандидати за членство во Европската Унија.
„Западен Балкан и проширувањето на Европската Унија, како и зајакнувањето на односите со земјите кандидати и идните земји-членки, како што е Македонија, остануваат клучен приоритет на надворешната политика на нашата држава“, напиша Кајзер.
Zahodni Balkan/širitev 🇪🇺 in krepitev odnosov z državami kandidatkami/prihodnjimi članicami 🇪🇺 kot je 🇲🇰 ostaja ključna prioriteta zunanje politike naše države 👇 https://t.co/HVk34aZRgf
— Tone Kajzer (fmr Ambassador) (@TKajzer) May 29, 2026
