Денеска, македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи по средбата со својата колешка од Албанија, Ољта Џачка, соопшти дека побарал поддршка од албанската влада за спречување на асимилација на Македонците во Албанија од страна на Бугарија.
Османи информирал дека овој проблем се следи на дневна основа од страна на македонското МНР, пренесува Телма.
Албанската министерка пак за обидите на Бугарија да ги асимилира Македонците во Албанија смета дека се спорадични, но додаде дека ги следат.