Во тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и убиството на Македонците – жители на ова населено место.
Комеморативниот настан ќе се одржи во Спомен-паркот, каде ќе биде одржана панихида и ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјето. По церемонијата е предвидено обраќање на Иницијативниот одбор.
Годишнината е посветена на сеќавањето на Стојан Михајловски, кој беше убиен, како и на Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски, кои се меѓу 12-те Македонци киднапирани во 2001 година.
