Дел од свеченоста ќе бидат неколку показни вежби и активности на Армијата, вклучувајќи прелет на грчки воздухоплови во рамки на мисијата „Air Policing“, заедно со хеликоптери на македонското воено воздухопловство, точката Егзерцир на армиската Гарда, постројување и марш на ешалони од единиците кои учествувале во мисиите предводени од НАТО меѓу кои се и припадниците на Лесниот пешадиски баталјон, нашата НАТО – декларирана единица.
На свеченоста, како што е најавено, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски. премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмиралот Роберт Бурк.
Членството во НАТО државата го официјализираше на 27 март 2020 година во Вашингтон, кога вршителот на должноста амбасадорот на земјава во САД Вилма Петковска на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија амбасадорот Филип Рикер му го предаде оригиналниот документ на ратификацијата на Пристапниот протокол за членство.