– Јас многу верувам во економскиот напредок на регионот, на нивните земји. Ние работевме на три документи и верувам дека во Скопје ќе ги потпишеме, тие се важни документи за трговијата, работните дозволи и заемната поддршка во случај на пожари, поплави и други катастрофи, што е во интерес на нашите народи, изјави Вучиќ.

Тој кажа дека на економскиот форум ќе се сретне со премиерите на Македонија и Албанија и изрази уверување дека „многу тоа ќе биде направено за економскиот напредок на целиот регион и Србија“.

– Ќе се обидеме да се договориме и за други работи на оние земји кои им припаѓаат од Малиот Шенген, кого ќе му дадеме име затоа што нема никаква врска со Шенген. Ќе покажеме дека можеме да одиме уште подалеку. Ако имаме шест или осум ленти за луѓето што доаѓаат од ЕУ, ќе имаме посебни ленти за луѓето од регионот или за овие три земји да можат побрзо да поминат, луѓето да ја видат придобивката – да можат да поминат побрзо од оние што доаѓаат од ЕУ, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека „онаму каде што ќе се договориме, ќе направиме fast track (брз пат), ќе направиме фитосанитарна инспекција 24/7 за да можат нашите бизнисмени да работат побрзо и да можат да остварат поголема заработка и профит“.