Македонските репрезентативци направиле 16 прекршоци што е најмногу од сите селекции кои настапија на шампионатот.
Причината за ваквиот епитет може да се бара во сличната игра на противникот, Австријците направија 13 фаули, исто толку имаат и Слованците, а пред нив се Португалија и Полска со по 15.
Дуелот Македонија – Австрија бил најгруб со 29 прекршоци, потоа следи натпреварот помеѓу Полска и Словачка со 28 прекршоци.
Македонија следниот натпревар го игра со Украина и оваа селекција само осум пати ги фаулирала противниците во натпреварот со Холандија.