Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривични пријави против К.Л.(53) од Гевгелија, К.А.Р.(45) од Тетово, Џ.К.(56), Г.Ц.(46), В.Н.(36), Д.Н.(65), А.М.(27), И.Р.(46) и А.Р.(20), сите македонски државјани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.
На 18.11. и 06.12.2021 на Граничен премин „Табановце“, пријавените при влез во Република Македонија приложиле фалсификувани ПЦР тестови.