Сега велат дека таа одлука, за жал не е на сила сè уште.
– Таа одлука не е на сила иако ние како аеродром добивме информација од нашите партнери дека македонските државјани ќе можат да патуваат без приложување на есенцијална причина за патување, а истата информација стоеше и во нашите авијациски системи каде што се ажурираат најновите правила/рестрикции за патување поради Ковид-19 кои важат за различни земји. Во меѓувреме, добивме коригирана информација, дека во Германија сè уште не може да се патува од туристички причини и истото го споделуваме со вас. Ви се извинуваме за ненамерната грешка, објавија од аеродромот.
Додаваат и дека во моментов очекуваат детални информации од надлежните институции и надлежната Амбасада и веднаш штом ги добијат, ќе ги споделат.
– Другите детали во информациjата што ја објавивме на 12-ти јуни 2021, се точни. Имено, Република С.Македонија повеќе не е на листата на ризични земји за Ковид-19 на Германија, што значи дека влезот во странската земја за македонските државјани е можен само доколку тие припаѓаат во т.н. есенцијални патници и притоа презентираат или негативен тест за Covid-19 или доказ за вакцинација. Во исто време, електронски пополнет Формулар за локација на патници (Passenger Locator Form) повеќе не е потребен предуслов за качување во авион, велат од Меѓународниот аеродром Скопје.