Македонскиот национален тим има 1374. бодови и од почетокот на оваа година има ефект од две победи (Лихтенштајн 5:0 и Германија 2:1) и пораз од Романија 3:2, трите натпревари во рамки на мундијалските квалификации.
На врвот на ФИФА рангирањето и натаму е Белгија (1.783), пред светскиот првак Франција (1.757), додека трет е Бразил (1.743).
Италија, која е во серија од 25 натпревари без пораз, скокна од десеттото на седмото место.