Тешка победа против Азербејџан

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ја забележа четвртата победа во претквалификациите за Европското првенство 2029, откако на гостувањето во Баку го победи Азербејџан со 70-78.

Домаќинот започна одлично со осум врзани поени (8-0), а македонските репрезентативци имаа потреба од време за да го фатат ритамот и да ја стабилизираат одбраната. Првиот квартал заврши со предност за Азербејџан 28-19.

Во вториот квартал, разликата порасна на двоцифрена вредност, достигнувајќи дури +18 за Азербејџан. Сепак, во завршните три минути на полувремето, македонските кошаркари направија серија од 0-9 и заминаа на пауза со седум поени негатива (44-37).

Преокрет во последните две четвртини

Во третата четвртина Азербејџан остана во предност, но во завршната минута македонската репрезентација за првпат поведе со 56-58. Во последниот квартал, нашите кошаркари ја контролираа играта и стигнаа до највисоки десет поени предност, што беше доволно за конечна победа.

Најефикасен во тимот беше Андреј Јакимовски со 22 поени и 10 скокови.

Следни натпревари

Следните два натпревари, кои ќе го заокружат учеството на Македонија во овие претквалификации, ќе се играат во јули. Прво, Македонија ќе го пречека тимот на Ирска на домашен терен, а потоа ќе гостува кај Луксембург.