Македонскиот состав потешко од очекувањата стигна до четвртиот триумф во петтиот натпревар во квалификациската група 7 и го скрши отпорот на Финците со подобра игра, пред сè во одбраната, во завршните 20 минути од мечот.

Финска при водство на македонските ракометари од 8:7 на средина од првиот дел „врза“ серија од 3:0 и неочекувано замина на полувреме со предност од 14:12.

Натпреварот беше резултатски израмнет до 40. минута, кога Македонците постигнаа четири едноподруго голови за водство од 23:19 на пет минути пред крајот. Искусниот Гоце Георгиевски го реализираше последниот напад за највисоко водство и конечни 27:22.

Најефикасни во македонските редови беа капитенот Кирил Лазаров и Филип Кузмановски со по пет погодоци.

Македонските ракометари ги завршуиваат квалификациите за Европското првенство, кое идната година ќе се одржи во Словачка и Унгарија, против Швајцарија, в недела со почеток од 17:50 часот во Скопје.