Македонските корисници во текот на 2025 година потрошиле околу 1,4 милиони евра на популарната интернет-платформа OnlyFans, покажуваат податоците од истражувањето на аналитичкиот сервис JuicySearch, објавени од „Блумберг Адрија“.
Според истражувањето, потрошувачката на македонските корисници се проценува на околу 1,6 милиони долари, односно приближно 1,4 милиони евра. Анализата го опфаќа периодот од декември 2024 до ноември 2025 година.
OnlyFans е интернет-платформа на која корисниците плаќаат месечни претплати или дополнителни износи за пристап до содржини објавени од авторите. Иако платформата поддржува различни видови содржини, најпозната е по материјалите наменети за возрасни.
