Од друга страна, потврдена е посетата на премиерот на Русија Михаил Мишустин, кој во Атина ќе пристигне ден порано на 24 март и ќе се сретне со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис, а ќе присуствува и на воената парада.
Во Грција, се очекува да пристигнат и принцот Чарлс и претседателот на Кипар Никос Анастасиадис.
Поради пандемијата, парадата ќе се одржи под строги мерки и без присуство на граѓаните кои ќе можат да ја следат на телевизија.