Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека главната цел на Европската унија е „брзо враќање на мирот, почнувајќи со прекин на огнот проследено со брзо повлекување на руските трупи“, објави Скај њуз.

Макрон вели дека ќе продолжи да врши притисок врз Русија и дека ја поддржува Украина.

-Ја поддржуваме Украина и ќе го правиме тоа сѐ додека трае војната. И ќе бидеме таму за да ја обновиме по ова уништување што го предизвика Русија. Ќе бидеме таму за да ѝ помогнеме да преживее и да остане на нозе, рече францускиот претседател.

Тој додава дека Европската унија предложила 500 милиони евра дополнителна помош за Украина.

-Пораката што прво му ја испративме на украинскиот народ е дека нивниот пат кон нашата Европа е отворен. Нивната борба за слобода и демократија, за вредностите што сите ги споделуваме, покажа дека Украина е навистина член на нашето европско семејство, рече Макрон.