Францускиот претседател Емануел Макрон планира да одржи состанок со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро, соопшти денеска Елисејската палата.

-Претседателот на Франција наскоро ќе разговара со претседателот Путин, се наведува во соопштението од кабинетот на Макрон.

Соопштението следи по вчерашните разговори меѓу Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кога лидерите ја повикаа Русија дополнително да повлече војници распоредени во близина на украинската граница, како и од Крим.