Малолетник од Скопје вчера во во 21.30 часот е лишен од слобода поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Уцена“ казниво по чл. 259 од Кривичен законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Малолетникот побарал пари од малолетничката, со која претходно бил во љубовна врска, за да не објави компромитирачки материјал за неа. Уцената била пријавена од родител на малолетничката, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности. На малолетничката и се дадени крим технички обработени пари и во моментот кога таа му ги дала на малолетникот, тој е приведен од полициски службеници, соопшти МВР.

Малолетникот е приведен од полициски службеници од СВР Скопје, Единица за насилен криминал-ОНК во координација со Одделение за криминалистички работи Чаир. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.