Револвер бил украден од Музеј во Битола, но истиот брзо бил пронајден.

-На 12.05.2021 во 12.30 часот во СВР Битола, М.С.(49) од Битола пријавила дека на 08.05.2021 во 18.00 часот, малолетник влегол во просториите на музејот во Битола и од музејска поставка во посебна просторија одзел револвер, непозната марка. По преземени мерки, револверот е пронајден, одземен од Б.Ј.(37) од Битола и вратен на пријавителот. По документирање на случајот ќе следува поднесок – велат од МВР.