Контрола во угостителски објект откри 15 малолетници, 11 под влијание на алкохол
Две лица се лишени од слобода во Куманово по приватна прослава на која беа затекнати малолетници кои консумирале алкохол. 24-годишната М.П. од Куманово и 41-годишниот М.В. од село Љубодраг, кумановско, се приведени по извршена контрола во угостителски објект во село Доброшане.
Контролата ја извршија полициски службеници од СВР Куманово во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи.
При проверката биле затекнати 15 малолетници, од кои кај 11 било констатирано дека консумирале алкохол.
По комплетирање на документацијата, против М.П. и М.В. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
