Македонската асоцијација на новинари МАН ги известува сите медиумски работници дека е пополнета квотата од 100 лица за доброволна вакцинација против вирусот Ковид-19 со вакцината АстраЗенека која е закажана за во вторник 23 март 2021 година, во Врање, Република Србија, се вели во соопштението на МАН.

Сто (100) медиумски работници доброволно се пријавија на повикот на МАН да се заштитат со вакцинација против вирусот Ковид-19 и сите пријавени добија повратни емаил потврди дека се регистрирани за вакцинација. Деталите за организираниот автобуски превоз (време и место на поаѓање и враќање од Скопје до Врање и назад) официјално ќе ги доставиме утре претпладне. На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија Александар Вучиќ, одобрена ни е вакцинација и ревакцинација за 100 лица. МАН ќе продолжи и во иднина да работи на заштита на сите медиумски работници, посочуваат од Македонската асоцијација на новинари.