Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за Топ Тема на телевизија Телма истакна дека денешната посета на претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, е позитивен сигнал и охрабрување бидејќи турнејата на Западен Балкан ја започна токму од Скопје.

На тој начин испраќа порака дека не само што  Македонија има европска перспектива, туку и дека работи на неа. Нејзиниот фокус на посетата е токму Планот за раст. Навистина постои расположение кај државите членки да разговараат и да дејствуваат на полето на европските интеграции. Не е тоа само наша замисла или убава приказна или убава желба, туку дека е тоа навистина реалност. Второ дека за да покажат на дело дека Планот за раст ќе го ефектуираат во најскор можен рок. Очекуваме на 8 ноември кога ќе бидат објавени извештаите за сите држави од регионот да биде објавен и деталниот план за раст, нагласи Маричиќ.

Маричиќ истакна дека фокусот на реформите што ќе се очекуваат од нас ќе биде во финансиските и економските капацитети на државита и на јакнењето на институциите.

Очекуваме првата евалуација да биде крајот на март, а на почетокот на април првиот трансфер на средства од Планот за раст од Европската комисија. Тоа е намерата на ЕК и тоа е динамиката што ќе ја правиме, нагласи секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за телевизија Телма.