Маричиќ, како што соопшти Министерство за правда, на гостинката Матуела и ги претстави новите закони кои долго време се работеа во ресорното министерство, а се во насока на реформа во правосудството.
На средбата дополнително беше објаснет процесот на дигитализација на судовите и нивното опремување со софистицирана информатичка технологија. Во однос на ЕУ интеграциите, Маричиќ кажа дека отворањето на преговорите ќе даде нов силен и позитивен импулс во општеството и додаде дека европските интеграции се високо на агендата на Владата.
Маричиќ и Матуела разговарале и за пописот кој во земјава се спроведува по речиси 20 години. Министерот за правда ја информираше Матуела дека теренското пребројување се одвива во најдобар ред и дека се очекува успешно да заврши. Досега се попишани над 1.100.000 граѓани.