Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во својата изјавата од Њујорк, после официјалните средби со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак и со американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик-помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, држави рече дека нашите стратешки партнери дејствуваат за напредок на Северна Македонија кон ЕУ и дека очекуваат да ја исполниме европската агенда, за задржување на динамиката и активноста на пристапните преговори со ЕУ, пренесува Frontline.mk.
-Пораките беа јасни и недвосмислени, сите заедно треба да покажеме дека сакаме и имаме капацитет да ја исполниме нашата стратешка цел, а Соединетите Амерински Држави ќе бидат гласен поддржувач на нашата ЕУ интеграција, рече Маричиќ додавајќи дека за уставните измени и целиот процес на преговори клучен останува политичкиот дијалог, волјата и одговорноста на сите од кои зависи извесноста на нашата европската перспектива.
Маричиќ изјави дека забрзано се работи на конкретните чекори за доближување на регионот до реално членство во ЕУ и дека во следните недели го очекуваат новиот план за раст за Западен Балкан, кој како што вели тој преку забрзување на фундаменталните реформи не само што ќе го забрза процесот на пристапување, туку и ќе го поттикне економскиот раст, за поголема економска интеграција со единствениот пазар на Европската Унија.
– ЕУ има план со кој ги отвора вратите за забрзано членство, од нас партнерите очекуваат да го искористиме шансата и да не останеме пред вратата туку да сме идна држава членка на ЕУ, порача Маричиќ.
Во продолжение интегрален текст од изјавата на вицепремиерот Маричиќ:
,,Почитувани граѓани,
Нашите стратешки партнери дејствуваат за наш напредок кон ЕУ и очекуваат дека ќе ја исполниме европската агенда за задржување на динамиката и активноста на пристапните преговори со ЕУ. Во рамки на посетата, тука во Њујорк заедно со премиерот Ковачевски имавме интензивни и продуктивни средби со докажани пријатели на нашата држава и народ, кои ги препознаваат напорите и политичката волја да успееме во реформите и предизвиците кон полноправното членство во Европската Унија. Во пријателска атмосфера разговаравме со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак и со американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик-помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар. Пораките беа јасни и недвосмислени, сите заедно треба да покажеме дека сакаме и имаме капацитет да ја исполниме нашата стратешка цел, а Соединетите Амерински Држави ќе бидат гласен поддржувач на нашата ЕУ интеграција. Беше посочено дека за уставните измени и целиот процес на преговори клучен останува политичкиот дијалог, волјата и одговорноста на сите од кои зависи извесноста на нашата европската перспектива. Забрзано се работи на конкретните чекори за доближување на регионот до реално членство во ЕУ и во следните недели го очекууваме нивиот план за раст за Западен Балкан, кој преку забрзување на фундаменталните реформи не само што ќе го забрза процесот на пристапување, туку и ќе го поттикне економскиот раст, за поголема економска интеграција со единствениот пазар на Европската Унија. ЕУ има план со кој ги отвора вратите за забрзано членство, од нас партнерите очекуваат да го искористиме шансата и да не останеме пред вратата туку да сме идна држава членка на ЕУ