Власта до последен момент ќе бара консензус со опозицијата за уставните измени. Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ вели дека даваат шанса за дијалог со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави дека Владата сака да го дополни и зацврсти образложението на иницијативата со аргументи околу процесот на преговори со Унијата, а потоа да ја достави до Собранието. Слична порака упати и шефот на дипломатијата Бујар Османи кој истакна дека сега е фазата за предлози на амандманите. Не учеството на опозицијата во работнтие групи пак, Османи го оцени како желба да се добијат политички поени, а не да се изнајде некакво решение.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пак повтори дека пастијата има конзистентен став и побара власта да се изјасни за еден од двата предлози, уставни измени со одложено дејство или брзи избори за на есен и без техничка влада.

Уставните амандмани веќе се во Влада, а неизвесно е кога тие ќе бидат испратени во Собрание. Очекувањата на власта се процедурата за уставни измени да почне кон крајот на овој или почетокот на следниот месец и да заврши до ноември кога земјава треба да ја одржи втората меѓувладина конференција со ЕУ.