Бајден е нестрплив да ги зајакне партнерствата во Европа за да се спротивстави на цврстиот став на Русија и Кина, со оглед на студените односи меѓу Вашингтон и тие земји. Полска и САД се членки на воениот сојуз на НАТО.

Белата куќа вчера го објави изборот на Брезински, кој зборува полски, и беше амбасадор на поранешниот американски претседател Барак Обама во Шведска, кога Бајден беше потпретседател. Тој, исто така, беше во Советот за национална безбедност за време на мандатот на претседателот Бил Клинтон.

Неговиот татко, Збигњев Брезински, роден во Полска, беше влијателен советник за национална безбедност од времето на Студената војна во периодот на американскиот претседателот Џими Картер, кој се залагаше за цврст став против тогашниот Советски Сојуз. Полска беше под советско влијание четири децении до падот на комунистичката власт.