Тој во изјава за „Фокус“ остро го искритикува министерот и порача деkа тој е директно одговорен за смртта на неколку стотини граѓани.
-Човекот кој не успеа да купи ниедна вакцина, кој поради не вакцинирањето во јануари/февруари како што направија најголемиот број на држави во Европа и сите во соседството е дирекно одговорен за смрт на неколку стотини луѓе, кој само пред две недели со неговиот тим јавно пушти теза дека брза кучка слепи кучиња раѓа (алудирајќи дека намерно не се набавуваат вакцини за да ги видиме искуствата од други земји), министер кој изјави дека прележувањето на КОВИД -19 не дава антитела… е најголемата анти пропаганда на вакцинацијата. Не купил ниедна вакцина ама бара анти ваксери како во приказната со немесениот зелник. (мајката му удира шамар на детето кое ќе скршело големо парче од зелникот кој ќе го меси). Министер кој пред 10 дена тврдеше дека нема потреба од никакви мерки бидејќи вирусот е премногу проширен а и кај да е за 6-8 недели ќе се повлече, а после по одложувањето на пописот го прави спротивното, ја стави целата наука во служба на политиката, и само поради закаснување на истиве мерки (за кои тврди дека дале намалување на број на заразени и умрени), признава дека можеле да се спасат стотици животи. Ако пред само еден месец донел вакви (или построги мерки) ќе се намалел бројот на заболени и умрени, вели Марковски.
Тој додава дека во Македонија во последните три месеци од 2020 година има 4.393 умрени лица повеќе во споредба со 2019 година.
-Изјавите дека сите добиле болнички кревет, а при тоа најголемиот процент се сместени на пластична хирургија, на торакална хирургија, на кожно, очно, ОРЛ… е како да човек што сака да слуша опера да го сместиш на градски стадион да гледа фудбалски меч. Министер кој има 22,7 % прекумерна општа смртност за 2020 година, кој има 9.465 умрени во последните три месеци од 2020 година, дури 4.393 повеќе споредено со 2019 година, од кои 1.903 се од ковид а дури 2.490 не знаеме од што и кој не чувствува ни морална ни друга одговорност не е веќе проблем ниту на ВМРО ДПМНЕ, ниту на Вело Марковски, ниту на целата опозиција. Тој е веќе проблем на владеачките партии и на целото општество, смета Марковски.