Граѓаните на Кочани денеска организираа 60-минутен Марш со молк во чест на 60-те жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“. Колоната без транспаренти и во целосен молк помина низ центарот на градот и застана пред Општина Кочани.
Мирен собир во Кочани: За сеќавање и почит на загинатите во пожарот
Со мотото „Молкот зборува најгласно“, учесниците симболично испратија порака дека бараат одговорност за трагедијата што одзеде многу млади животи.
Марш со молк, не за промена на власт, туку за промена на свеста
На крајот од маршот, учесниците изразија благодарност до државите кои примиле повредени на лекување. Тие нагласија дека протестите не се насочени кон менување на власта, туку кон будење на општествената свест и промена на начинот на функционирање на системот.
– Ова не е борба за власт, ова е борба за праведно општество. Ако умре Кочани, барем нека се спасат другите градови – порача еден од учесниците, Влатко Здравко.
Граѓаните најавија дека нема да запрат со протестите сè додека не се преземат институционални чекори за решавање на случајот.
Извор: Миа