– Сообраќајот сеуште е во прекин. Го чекаме состанокот во 11 часот. Ние сме тука и го чекаме менаџерскиот тим, изјави денеска за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на Република Северна Македонија-Транспорт“.
Машиновозачите бараат да им биде исплатен вториот дел од платата за јуни, а најавуваат дека до УО на претпријатието и до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис во кој ќе побараат и исплата на надомест за квалитет.
Бојкотот започна вчера во 16 часот кога беше стопиран товарниот и патничкиот железнички сообраќај.